Суад Мисини ќе ја претвори куќата што ја делел со покојната сопруга во засолниште за жртви на семејно насилство
Политичкиот аналитичар и активист повика архитекти и хумани луѓе да помогнат во обновата и приспособувањето на куќата
Политичкиот аналитичар и активисти, Суад Мисини, реши домот што зад себе го оставила неговата покојна сопруга да го стави во служба на заедницата, со идеја просторот да прерасне во сигурно засолниште за ранливи групи граѓани.
Препорачано
Мисини заедно со синот Исак решил да ја донира куќата по смртта на нивната сопруга и мајка, Азбија Мемедова.
Нивната намера е објектот во иднина да се користи како безбеден простор за жртви на семејно насилство, деца без родителска грижа и за луѓе во социјален ризик.
Мисини оваа одлука ја сподели на социјалните мрежи, каде што повика архитекти и хумани луѓе да помогнат во обновата и приспособувањето на куќата. Тој најави дека имињата на сите што ќе дадат поддршка ќе бидат поставени на самиот влез.
Мисини во 2015 година, во екот на мигрантската криза, седум дена штрајкуваше со глад пред Собранието, барајќи законски измени кои ќе овозоможат заштита и достоинствен третман на мигрантите кои поминуваа низ Македонија на пат кон европските земји.


Азбија Мемедова, која почина во декември, остана запаметена како посветен застапник за човековите и на детските права и како личност со современи идеи за унапредување на образованието.
Стан на Град Скопје од денеска е шелтер-центар за жртви на семејно насилство


