Сколс за Вудс: Доколку повредите се сериозни, тоа е крај на кариерата!

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Најславниот голфер на сите времиња би можел да ја заврши кариерата после тешката сообраќајна несреќа.

Легендарниот голфер Тајгер Вудс доживеа сообраќајна несреќа во која се преврте неговиот џип. Еден од најпознатите светски спортисти кој има 45 години после ваквите страшни снимки се очекува најверојатно да ја заврши кариерата.

Новинарот на „Си-Ен-Ен“, Енди Сколс истакна дека Вудс и пред несреќата имал проблеми на теренот и веќе размислувал за пензија.

– Разговарав со него после Мастерсот во 2019 година, кога го имаше најголемиот кам-бек“ во историјата на спортот. Се сеќавам дека едвај стана од столот после разговорот – рече Сколс.

Со неколку скршеници, фрактура на повеќе од два дела, на горниот и долниот дел на потколеницата и фибула на десната нога, неизвесно е дали и натаму Вудс ќе биде активен во голфот.

ФОТО: Вудс е надвор од животна опасност, познато што кажал по несреќата

– Тешко е да одигра четири рунди голф во последниот дел од својата кариера, тој има уште 45 години. Доколку повредите на ногата се сериозни, како што велат, ова е веројатно крајот на неговата кариера – додаде Сколс.

Веќе имал многу операции кои му помогнале да ја продолжи кариерата, така што и претходно беше во многу лоша физичка состојба..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот