17 C
Скопје

ВИДЕО: Стравична сообраќајка на Тајгер Вудс, пожарникари го сечеа неговиот автомобил за да го извлечат

Американскиот голфер Тајгер Вудс е повреден во сообраќајна несреќа во Јужна Калифорнија.

Како што соопшти полицијата на Лос Анџелес, сообраќајната несреќа се случија неколку минути по седум часот наутро по локално време, на подрачјето помеѓу градовите Ролинг Хилс и Ранчо Палас Верде.
Вудс бил сам во својот автомобил кој се превртел по сударот, а според првичните информации има неколку скршеници на ногата.


Како што се наведува, пожарникарите морале да исечат дел од автомобилот за да го извадат Вудс од него. Автомобилот се превртел на кров откако излетал од автопатот.

Откако е извлечен, Тајгер Вудс веднаш е префрлен во болница.
– Тајгер моментно е на операција, Ви благодариме што ја почитувате неговата приватност и ви благодариме на поддршката – изјави агентот на познатиот голфер, Марк Стајнберг.


Тајгер Вудс се смета за еден од најдобрите голф играчи на сите времиња, има пет Мастерс титули, четири ПГА титули, а по три пати победуваше на УС Опен и Бритиш Опен. Тој оваа година треба да биде примен и во Куќата на славните.

Прочитајте и...  Спортскиот директор на КФСМ, Тодор Гечевски за неуспехот на квалификациите за ЕП 2022: Ни недостигаше малку среќа, но иднината ветува

Поврзани вести

Георгиевски: Мотор е потенцијален противник и во Лигата на шампионите

Слободен печат

Велковски се враќа во тимот на Е. Пелистер: Против Татран ќе се покажеме во вистинско светло

Слободен печат

Алушовски: Натпреварот со Елверум физички и психички не исцрпи, но против Мотор одиме на победа

Слободен печат

Англичаните сметаат дека Ѓоковиќ ќе биде најдобриот тенисер во историјата

Слободен печат

Бабиќ: Одбраната е клучот за победа над Татран

Слободен печат

Златан му порача на Леброн: Батали ја политиката

Слободен печат

Остави Коментар