29 C
Скопје

ФОТО: Вудс е надвор од животна опасност, познато што кажал по несреќата

Тајгер Вудс по сообраќајната несреќа бил во свесен и можел да зборува.

Според американските медиуми, состојбата на познатиот голф играч е стабилна по сообраќајната несреќа која ја доживеа. Тој во 7.12 часот по локално време во близина на Лос Анџелес со својот џип излетал од патот, а првичните информации се дека тој се наоѓа надвор од животна опасност.

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Иако имал неколку скршеници на ногата и на превртениот автомобил имало траги од крв, Вудс бил свесен кога пожарникарите го извадиле од возилото. Како што објави полицијата, тој веднаш барал да биде повикан неговиот агент, на кого пак му наредил да ги собере личните работи.

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Се претпоставува дека тоа не е можно да се случи бидејќи просторот околу автомобилот стана место на истрагата и е забранет пристап на неовластени лица и најверојатно личните работи ќе бидат дел од истрагата.

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

„ТМЗ“ кој прв извести за сообраќајната несреќа на Тајгер Вудс наведува дека голферот возел опасно и пред самата несреќа иако полицијата засега тврди дека тој не бил под дејство на алкохол или наркотиџи. Вудс патувал „Ролилг Хилс“ голф клубот на вториот ден од снимањето за „Голф ТВ“.

ВИДЕО: Стравична сообраќајка на Тајгер Вудс, пожарникари го сечеа неговиот автомобил за да го извлечат

 

Поврзани вести

Фудбалерките во Холандија може да играат за аматерски машки екипи

Слободен печат

„Марка“: Пандев е лидерот, Македонија како „Пепелашка“ на Европското првенство

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ лут кон главниот судија, уште колку сакаш да се игра?

Слободен печат

Спортските натпревари и понатаму ќе се организираат без присуство на публика

Слободен печат

Братска љубов: Шалке и Вардар заедно испаднаа, заедно посилни ќе се вратат!

Слободен печат

Ѓоковиќ брутално искрен: Доаѓаат промени, младите ќе ме симнат од тронот

Слободен печат

Остави Коментар