Ски-центарот „Попова Шапка” со намалени цени: Дневен билет 800 денари, ноќно скијање за 400 денари

попова шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Ски-центарот „Попова Шапка” информира дека ги намалува цените на билетите.

– Со намалувањето, од утре до крајот на сезоната, билетите ќе можат да се набават по следниве цени и тоа дневен ски-билет – 800 денари, полудневен ски-билет – 550 денари, детски ски-билет – 400 денари, ноќно скијање – 400 денари, поединечен билет за двосед „Син Врв” – 150 денари, поединечен билет за шестоседата жичница „Лајтнер” – 150 денари и поединечен билет за двосед „Св. Илија” – 100 денари, се наведува во соопштението.

Од Ски-центарот посочуваат дека за сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари, средства што се рефундираат при враќање на ски-билетот на благајната.

– И покрај пандемијата од ковид-19, Ски-центарот „Попова Шапка, пред сѐ, заради големото количество снег, но и заради ограничениот излез за патувања надвор од земјава со актуелната ситуација, бележи исклучително добра ски-сезона. Од тие причини, новото раководство на „ЕЛЕМ ТУРС”, друштво кое стопанисува со Ски-центарот „Попова Шапка”, донесе одлука за намалување на цените на ски-билетите и на билетите за едно возење на жичниците во Ски- центарот со цел да помогне во семејните буџети и да овозможи поголема достапност на услугите на Ски-центарот на скијачите, бордерите и посетителите на Ски-центарот, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот