Скендер Реџепи останува во антивладиниот фронт, но е против Левица

Скендер Реџепи од Алетрнатива/ Фото: МИА

Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, останува на позицијата за рушење на Владата во која е ДУИ, но како што брифираат партиски извори за „Слободен печат“, тој има забелешки за вклучувањето на партијата Левица во „фронтот“ за рушење на Владата.

„Пратеникот Реџепи има забелешки за вклучувањето на партијата Левица во коалицијата за рушење на оваа хибридна власт на СДСМ и ДУИ. Сметаме дека има алтернатива и решение и за ова прашање“, велат изворите од Алтернатива за „Слободен печат“.

Откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека заедно со АА/Алтернатива, Левица и Беса формирале ново парламентарно мнозинство, дел од медиумите денеска шпекулираат дека еден од пратениците на Алтернатива се подготвува да го повлече својот потпис од иницијативата за ново мнозинство од 61 пратеник. Според дел од тие извештаи, токму Скендер Реџепи се противел на учеството на Левица во мнозинството, поради ставовите на партијата против НАТО и Европската унија.

Во меѓувреме, портпаролот на партијата предводена од Африм Гаши, за порталот Телеграфи вели дека договорот постигнат синоќа стои.

„Договорот постигнат синоќа се уште трае. Нема промена“, вели Муртезани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот