Скандалозни прозивки на поранешните девојки: Милош Биковиќ е неверојатно груб и не се грижи за времето, трудот ни здравјето на другите луѓе

милош биковиќ
ФОТО: Инстаграм

Се огласи српскиот актер, откако пред два дена две негови поранешни девојки открија скандалозни детали за нивното емотивно искуство со популарниот актер.

Пред неколку дена во медиумите како бомба одекна исповедта на Арина Волошина, руска танчарка, за чија емотивна врска со актерот Милош Биковиќ се дозна пред повеќе од три месеци. Таа го претстави Милош како бесчувствителен егоцентрик, кој не се грижи за туѓите чувства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Дрзок егоцентрик

„Повеќе од една година не живеев свој живот, бидејќи бев во врска со Милош Биковиќ. Морав да размислувам за неговиот имиџ, углед, но, за жал, сликата на екранот не одговара на онаа во јавноста. Посебно загрижувачки е што човекот на секој чекор го спомнува Бог. Имав голема надеж дека во него има малку човечност, сепак на 31 јули илузијата се распрсна. Беше неверојатно груб. На почетокот, кога се појави информација дека сме заедно, предложив да го демантирам тоа, но тој рече дека медиумите веќе сфатиле дека сме заедно и нема веќе да се криеме. Сепак, кога сè се дозна, тој се смени кон мене, се оддалечи, стана ладен, а јас слушав сè што ми зборуваше“, Арина ја започна исповедта и додаде дека актерот во текот на врската мислел само на себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ᎯℜíℕᎯ💋 (@arinavoloshina)

„Денес не сум му девојка, па полесно ми е да зборувам за сè, нема веќе потреба од нагаѓања. Уморна сум од закани, негативни коментари и осуди, неговиот егоцентризам ги премина сите граници, а вредностите што толку ги истакнува, за него се непознати. Се гледа само себеси, не ги почитува времето, работата, трудот, дури ни здравјето на другите луѓе. Чувствата на одговорност и вина за него се најстрашни, бидејќи него тоа го гуши. Тогаш морате да мислите за него, а не за својот живот. Околностите во кои се најдовме, ја покажаа вистинската внатрешност на неговата личност“, Арина ја заврши исповедта.

Барбара во одбрана на Арина

И додека не беше слегната прашината од оваа вест, се јави уште една поранешна девојка на актерот, српската манекенка Барбара Таталовиќ, која изнесе низа сериозни обвинувања против белградскиот актер и ја поддржа руската танчарка.

„Во нашата земја одамна човечноста, искреноста и чесноста имаат помала цена од репутацијата. Е, па, токму од таа причина што голем дел од вас мислат дека оваа млада девојка сака нешто поради одмазда или пораз, јас ќе се огласам. Сè што е наведено во нејзиниот текст го препознавам. Можам единствено да
додадам низа гнасни работи што ги доживеав и од цела оваа ситуација да направиме едно реално шоу. Но, не е тоа поентата. Поентата е да застанам во заштита на храбрата девојка и на луѓето кои веруваат во фарса, им потврдам дека тоа што таа го кажа, има и тоа како смисла. Понатаму нема да навлегувам во ова, ниту своето семејство, момче и најблиските да ги вовлекувам во кал и фарса што ѝ е презентирана на јавноста и во која таа слепо верува. Ми се чини дека тоа е борба со ветерници“, заклучи Барбара и на крајот им порача на медиумите дека нема да одговара на прозивки и пораки во врска со оваа тема.

Куса реакција

Откако излегоа двете девојки со идентичен став, мислењето на јавноста се подели во два табора, оние за и против Милош Биковиќ, а неговиот одговор се чекаше со нетрпение. Конечно, откако се огласи Милош, својата страна на приказната одбра да ја задржи за себе, па се јави само со еден коментар на Твитер:

„Умирам да слушнам што имаат да кажат Аглаја и Кристина од градинка“, напиша тој кратко, потсетувајќи ја јавноста на својата долгогодишна врска со избраничката, Русинката Аглаја Тарасова, која по нивното раскинување, имаше само пофални зборови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PRess Serbia (@pressserbia)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот