Скандал во штипскиот затвор: Полицајци му помагале на осуденик да си ја најде дрогата, лажел дека барале часовник кој му го зело затворското куче Цеца
Директорот за извршување санкции, Александар Пандов на прес-конференција раскажа како во штипскиот затвор преку оградата била фрлена дрога, а двајца затвореници отишле доцна вечерта да ја бараат.
Препорачано
-На видеото кое ќе виде испратено преку мејл, ќе видите дека од возилото излегува едно лице кое што доаѓа до ѕидот на затворот и преку ѕидот префрлува топка. На тревникот во затворот се појавувааат затвореници со иницијали Ж.Ж. и уште затвореник со инцијали Р.К. Двајцата бараат нешто низ тревникот. Се појавува затворски полицаец кој им вели дека не треба да се наоѓаат во тој дел од затворот во тој момент. По наредба на командирот, се повикани уште четворица затворски полицајци. Ж.Ж и понатаму говори на телефон и бара на тревникот и се поздравува со полицајците. Истите тие затворски полијаци се вклучуваат во потрагата на нештото по тревникот од затворот, истакна Пандов.
Наредниот ден и понатаму не ја наоѓаат топката, како што вели Пандов. Во топката биле пронајдени 35 грама кокаин и околу 50 грама марихуана.
-Кога директорот ги прашува лицата што барале, објаснувањата е дека затвореникот Ж.Ж. си играл со кучката Цеца во затворот и дека имал скап часовник кој што не го пријавил кога е донесен во затворот. Рекол дека кучката му го земала часовникот и побегнала по тревата и лицата му помогнале за да го побараат. По наредба на директорот формирана е Дисциплинска комисија. Одлучено е дека тројца од полицајците иако треба да бидат казнети, но за жал, не пронаоѓаат вина и веруваат дека они го барале часовникот. Тројца членови на Дисциплинската комисија гласале дека не се виновни полицајците, кажа Пандов и очекува адекватна санкција за сите инволвирани.
Идентификувани се лицата кои го возеле возилото и ја префрлиле топката со дрогата.


