Скандал со лажни вакцини на Сицилија: И платиле на медицинска сестра за да добијат ковид сертификат, тројца уапсени

Ковид потврди во Италија / Фото EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Луѓето кои се против ковид вакцините на Сицилија и платиле на медицинска сестра да им даде лажни вакцини за да добијат здравствен сертификат кој е задолжителен за некои професии, соопшти денеска полицијата.

Три лица, меѓу кои и медицинска сестра и локален лидер на движењето познато во Италија како „Но-вакс“, се уапсени и се соочуваат со обвиненија за корупција и фалсификување.

Полицијата употреби скриена камера за да сними медицинска сестра во главниот центар за вакцинација како го празни шприцот за вакцина во марамче пред накратко да стави игла во раката на примателот.

На овој начин се добиени десетина здравствени пропусници, вклучително и за еден полицаец. Локалните медиуми објавија дека луѓето плаќале до 400 евра за оваа услуга.

Задолжителна вакцинација за некои професии

Во обид да го спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус, италијанската влада ја прогласи вакцинацијата за задолжителна за здравствените работници, наставниците, службениците за спроведување на законот и војската.

На 6 декември, Италија дополнително ги заостри ограничувањата за луѓето кои сè уште не се вакцинирани, ограничувајќи го нивниот пристап до низа места и услуги, вклучително и престој во затворени простории во барови и ресторани, музеи, кина, клубови и спортски настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот