Скандал Онкологија: Јавното обвинителство добило податоци од косовските колеги

Клиника за радиотерапија и онкологија / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Скандалот Онкологија е во рацете на Јавното обвинителство. И покрај тоа што подолго време нема нови информации за наводите кои ги проверува оваа институција за можна злоупотреба на лекови, сепак се работи на случајот и се напредува.

Интензивно се работи на анализа на прибраните докази. Во тек се наредените вештачења. Од косовското обвинителство пристигнаа дел од побараните податоци. Соработката и контактите со обвинителствата во Косово и Албанија продолжуваат за проверка на сите околности, изјавија денеска за „Слободен печат“ од Обвинителството.

Претходно во интервју за „Слободен печат“ обвинителката задолжена за предметот, Ана Гоговска Јакимовска изјави дека е стеснет кругот на потенцијални сторители на кривични дела против здравјето на луѓето и проневера на Клиниката за онкологија и дејствијата се конкретизираат. Единицата за финансиски истраги, по наредба на јавниот обвинител, беше задолжена да отпочне финансиска истрага за повеќе лица. Таа ја увери јавноста дека кривичен прогон ќе има против сите за кои постојат докази дека сториле кривично дело.

Предметот е оформен врз основа на новинарски истражувања и не е резултат на претходни криминалистички проверки. Новинарските истражувања даваа индиции за повеќе различни кривични дела на Клиниката за онкологија, вршени во подолг временски период и со можност за вклученост на поголем број лица. Затоа, прва задача на Oбвинителството беше да се заштитат, да се обезбедат доказите и да се спречи нивно евентуално уништување по објавата на новинарските истражувања на оваа тема.

Еден дел од медицинските истории се веќе издвоени поради сомненија за несовесно лекување и тие ќе се вештачат од независна релевантна институција. Резултатите од таа институција која според нашите сознанија е во странство, уште не се пристигнати.

Потресен исказ за Онкологија во судница: Не ми беше за парите што му ги давав на аптекарот, туку затоа што не ми се даваше терапија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот