Македонка два пати се вработила во Катастар, еднаш како Турчинка, еднаш како Албанка

Истата кандидатка, Македонка од Скопје, успеала да се вработи и професионално да напредува во Агенцијата за катастар во Скопје, манипулирајки со својата националност.

Во 2019 година, Донка Гаџовска, иако Македонка, се пријавила на конкурс за вработување на Помошник раководител на сектор за управување со човечки ресурси извршител каде што стои дека работното место е предвидено за лице од турска националност.

Гаџовска, кон крајот на 2020 повторно се вработила во Катастарот, но овој пат на работно место за кое било предвидено да се вработи лице со албанска националност.

Во изјава за Слободен печат директорот на Агенција за администрација, Спасе Глигоров рече дека не постои правен механизам според кој може да се контролира или да се верификува националната припадност на кандидатите кои конкурираат за објавените работни места.

Кандидатите при пополнување на електронската апликација покрај тоа што се должни да ги прикачат бараните документи сами се изјаснуваат за својата национална припадност. Дури кога ќе бидат селектирани за интервју пред вработување тие се должни да донесат оригинални документи како доказ за бараните квалификации и документи кои ги потврдуваат нивниот идентитет. Но, ниеден од овие документи не ја потврдува нивната национална припадност бидејќи таков документ освен државјанство не постои“ рече Глигоров.

Тој нагласи дека сите одлуки за вработувања се јавни и транспарентно објавени на веб-страницата на Агенција за администрација и дека според имињата на вработените кандидати може да се лесно да се забележи кој го злоупотребил правото на слобода на избор за национална припадност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот