Фото: Србијавоз / srbijavoz.rs

Сите возови во Србија запреа пред денешниот голем собир во Белград против власта на Вучиќ

Во Србија утрово целосно е запрен железничкиот сообраќај, само неколку часа пред големиот студентски и граѓански антивладин протест што денеска треба да се одржи на плоштадот „Славија“ во Белград. Државната компанија „Србијавоз“ соопшти дека од 4:15 часот е прекинат сообраќајот на сите возови во земјата, без да понуди какво било објаснување за причините за ова.

Според медиумите, илјадници граѓани и студенти од сите српски градови планирале денеска да отпатуваат за Белград токму со воз, за да учествуваат на протестот под слоганот „Ти и ја – Славија“.

Данас“ пишува дека вакви прекини на железничкиот сообраќај веќе станаа вообичаена појава пред големи студентски собири, а опозициски претставници тврдат дека мерката е насочена кон спречување на масовноста на протестот.

Во дел од медиумите и на социјалните мрежи се појавија информации дека причина за прекинот можеби се дојави за бомби, но официјална потврда за тоа засега нема. „Србијавоз“ само ги упати патниците да ги следат информациите на официјалната интернет-страница.

Белград уште од раните утрински часови е во знакот на собирот против власта на Александар Вучиќ, а организаторите очекуваат масовен одѕив на граѓани од цела Србија.

Српскиот студент Стојановиќ ексклузивно за „Слободен печат“: Луѓето мислат дека се откажуваме, но ние го менуваме фокусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот