Сите возови во Србија запреа пред денешниот голем собир во Белград против власта на Вучиќ
Во Србија утрово целосно е запрен железничкиот сообраќај, само неколку часа пред големиот студентски и граѓански антивладин протест што денеска треба да се одржи на плоштадот „Славија“ во Белград. Државната компанија „Србијавоз“ соопшти дека од 4:15 часот е прекинат сообраќајот на сите возови во земјата, без да понуди какво било објаснување за причините за ова. …

