Сите македонски државјани што побарале помош се евакуирани од Израел, тврдат од Владата

Македонски државјани од Израел пристигнаа во Скопје/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Со чартер летот организиран и платен од македонската Влада, на релација Тел Авив – Скопје, во текот на вчерашниот ден, успешно се евакуирани сите преостанати државјани на Македонија кои побарале помош да го напуштат Израел и да се вратат во земјата.

Од Владата соопштуваат дека финансиските трошоци за превезувањето на евакуираните граѓани, согласно владина одлука, се покриени од резерви на државниот Буџет.

Бесплатниот чартер лет за сите патници кои патуваа на релација Тел Авив – Скопје беше реализиран во соработка со „Air Serbia”, и тоа во услови на откажани летови и целосно блокиран авионски сообраќај од и кон Израел. Со оглед на тековните борбени активности во повеќе подрачја во Израел изминатата недела, претходните обиди за обезбедување на лет од Тел Авив не вродија со резултат, имајќи предвид дека ниту една компанија од регионот не беше во можност да обезбеди сигурен и безбеден лет и да одговори на барањата на Владата на Република Северна Македонија – информираат од Влатата.

Оттаму додаваат дека на иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се најде решение  за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Северна Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Северна Македонија, се вели во соопштението и се истакнува дека внимателно се следат случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот