Систем на ЕУ трипати ја предупредил АХВ за увоз на небезбеден сусам од Индија во Македонија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) добила три нотификации преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на Европската Унија (ЕУ), за увоз на небезбеден сусам во земјава по потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуи од пестицид – етилен оксид.

Од АХВ информираат дека е постапено по две нотификации, а за третата од јануари годинава постапката е во тек.

– По приемот на првата нотификација на 23 септември лани, инспекциските служби на Агенцијата презедоа мерки согласно законските надлежности. Извршена е вонредна инспекциска контрола кај увозникот. Небезбедниот производ во количина од 280 килограми е повлечен од промет и безбедно поништен на депонијата Дрисла, појаснуваат од АХВ.

Во вториот случај, при примената нотификација на 6 ноември лани, направена била контрола во магацините на увозникот на сусам за нашава земја и било утврдено дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините.

– Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и спроведува континуирани контроли. Доколку се јави потреба, навремено ќе се реагира согласно законските надлежности, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот