Синот на еден холивудски пар обожава фустани: Ги учиме децата да бидат тоа што се! (ФОТО)

Актерката Меган Фокс (33) уште во септември минатата година откри дека нејзиниот син Ноа Шенон (7) понекогаш носи фустани во училиште, а поради тоа некои деца се шегуваат со него.

– Тој дизајнира, црта модни креации и многу е талентиран, а има само 7 години. Ја обожава модата, понекогаш сам се облекува во фустани и сака да ги носи, но само понекогаш. Го запишав во многу либерално училиште, но дури и тука во Калифронија има дечиња кои го задеваат и му велат дека не би требал да носи фустани или розева боја – вели Меган.

Да потсетиме, една од најсексапилните жени во Холивуд има три сина со сопругот Брајан Остин Грин (46), а честопати истакнува дека сите тројца ги воспитува да имаат полна самодоверба и сами да го изберат својот пат.

View this post on Instagram

Happy Halloween?

A post shared by Megan Fox (@meganfox) on

Меган секогаш истакнува дека своите синови ги одгледува многу либерално и ги учи да бидат тоа што се, без оглед на коментарите на околината. Папараците неодамна го фотографираа Ноа Шенон како со неговиот татко оди на детски роденден во Калифорнија, а малечкиот носел фустан во стил на принцезата Елза. Брајан Остин, таткото на децата на Меган пред две години во интервју изјави: „Навистина сметам дека на негова возраст најбитно е да се забавува. Тој не штети на никој доколку носи фустан. Па, доколку сака да носи фустан, одлично. Може да носи!“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот