Синот на Бекам заплака поради кавга со девојката (ФОТО)

profimedia

Бруклин Бекам, 20-годишниот син на дизајнерката Викторија Бекам и пензионираниот фудбалер Дејвид, пред јавноста, а и пред родителите пред неколку месеци ја претстави својата нова девојка, 19-годишната Хана Крос.

Парот од тогаш секој момент го користи за да го помине заедно, но судејќи според последните фотографии кои испливаа во јавноста, во љубовта нешто не им цветаат баш рози.

profimedia

Имено, младиот пар е фатен во кавга во автомобил, при што Хана и Бруклин не можеле да ги задржат солзите, а изразите на нивните лица оставаат впечаток дека нивната расправија била и повеќе од остра. Која е точната причина за кавгата се уште не е познато.

Некои шпекулации наведуваат на тоа дека Бруклин под дејство на алкохол има проблеми со однесувањето.

profimedia

Откако Бруклин ја покажа својата нова девојка, медиумите не престануваат да го следат секој нивни чекор. Па така парот веќе неколку пати е забележан во дружбите на семејството Бекам, а внимание привлече и неодоливата сличност меѓу Хана и мама Викторија.

profimedia

Дека не е лесно да се биде девојка на наследникот на една од поранешните Спајсици и еден од најпозанатите светски фудбалери, Хана, се увери во повеќе наврати бидејќи ова не е прв пат на фотографиите да изгледа како „сите бродови да и потонале“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот