Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Синдикатот на полицијата бара повисоки плати за вработените во МВР

Синдикатот на полицијата бара од Министерството за внатрешни работи да ги зголеми платите на вработените.

„СПМ во текот на изминатиот период правеше напори и поднесуваше барања, одржуваше средби и состаноци на синдикално ниво со повеќе институции и синдикати, а со крајна цел, остварување на подобри услови за работа на полициските службеници, а најважно и за повисоки плати. Свесни сме, како Синдикат, но и како припадници на МВР, дека моменталната просечна плата која МВР ја исплаќа на полициските службеници е далеку од пристојна или нормална, односно истата е пониска од сите прифатливи стандарди за полициско работење во Балканот и во Европската унија“, велат од Синдикатот на полицијата.

Синдикатот се надева дека најавуваното покачување во износ од 10-15% на септемвриската плата, ќе биде дадено од страна на власта.

„Како СПМ напоменуваме дека, доколку и тие 10-15% бидат дадени во Октомври, сепак, нема ништо позначително да значат или да ја подобрат ситуацијата на полицискиот службеник, а ветуваме дека ќе настојуваме и ќе продолжиме да бараме покачувања сѐ додека не биде исполнето нашето барање 1 евро – 1 бод и тоа во разумен рок од страна на власта. Доколку пак, повторно, како и многупати до сега во изминатите години, повторно бидеме сведоци на лажни ветувања и претходно ветеното покачување во висина од 10-15% на платата не биде исплатено, ќе преземаме натамошни мерки, согласно позитивните законски прописи, интензивно ќе бараме средби со функционерите, ќе одржуваме состаноци и интензивно ќе продолжиме со нашата синдикална борба за повисоки плати и подобри услови за полицискиот службеник во Република Македонија. Се уште веруваме и сме убедени дека пари за повисоки плати има обезбедено во Буџетот на МВР и тоа ИТНО мора да се провери!“, се вели во соопштението на СПМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот