Синдикатот апелира на внимателно поставување на раководните позиции во полицијата

Независниот синдикат на полицијата (НСП) во пресрет на формирањето на новата влада упати порака да се внимава кој на каква позиција се поставува во Министерството за внатрешни работи. НСП, како што рече претседателот Гоце Делчев Тодев, веќе ангажирале 42 адвокати Нема да оставиме некој да си игра со работникот во полицијата,  наведе Тодев.

Во сите изминати 30 години во рамки на институциите, а и во рамки на самиот простор на полицијата, како што рече, се случува нешто за кое што во наредниот период не само ние како синдикат, туку и останатите синдикати во полицијата ќе мора сериозно да се занимаваме во делот на сите правилници, на сите подзаконски акти со кои се уредува проблематиката и делот на поставување на одредени вработени во полицијата на раководни позиции,

– Впрочем ние во самото МВР имаме фигури, ликови и да не речам „фаци” кои само чекаа да завршат изборите и да се постават на одредени позиции, да седнат во одредени фотелји и да заборават се останато. Меѓутоа, затоа сме ние тука, Независниот синдикат на полицијата за пред да седне некој во фотелја, овој пат мора некој да размисли дебело кој кого ќе поставува на убавите удобни фотелји зад мене, бидејќи сето она што се случуваше во изминатиот период е прашање за кое целата македонска јавност се занимава од причина што небулозите кои ги слушаме исклучиво преку златните медиуми, рече Тодев.

Тој посочи дека на одредени позиции во рамките на МВР се поставуваат ликови и фигури кои немаат поим што се случува, односно, како што рече, како треба да постапуваат согласно одредени законски решенија и си трпи полицаецот, трпи работникот.

– Од таа причина Независниот синдикат практично на неколку часа пред формирање на новата влада порачува до сите оние коишто креираат политики на водење на државата во наредните четири години да внимаваат кој на каква позиција поставуваат, кој од кој аспект ќе биде поставен на одредено работно место, посебно во нашето МВР, бидејќи однапред потенцирам, презентирам и кажувам дека од овој момент активирани се 42 адвокати во Независниот синдикат на полицијата, ќе имаме многу работа од причина што нема да оставиме некој да си игра со работникот на полицијата, а оној што е граѓанин да си игра мајтап со самото МВР и оваа држава, рече тој.

Тој истакна дека во изминатите неколку денови  шест полициски службеници заработиле кривични пријави од МВР заради прекумерна употреба на сила, заради тоа што, како што рече, „некој се обидел да му стави пиштол на полициски работник”.

– Мислам дека ова е нешто за кое целата јавност бруи. Ова кажува и за тоа тој што ќе го извади пиштолот има помала одговорност, а овие може да се соочат со казна затвор од 3 до 5 години. Независниот синдикат на полицијата во наредниот период многу сериозно ќе се занимава со оваа проблематика затоа што ако некој граѓанин може пиштол да му извади и да му стави на полициски службеник, што останува за обичен граѓанин. Судството било не знам корумпирано, не ги завршило одредени судски процеси со години итн., рече тој.

Политиката, посочи Тодев, нека си ја креираат политички партии, додека професионализмот во делот на МВР да го остават на професионалци и да поставуваат само професионалци.

–  Политичари да не ја водат политиката за поединци да можат да имаат убави удобни фотелји, а ние работниците во полицијата да патиме и да излегуваме на пресови само да ја запознаваме јавноста. Тоа нема така да помине. Веќе сме отпочнати и веќе дел од комисиите во рамките на Независниот синдикат на полицијата активно работи на одредени простори во наредниот период да се расчистуваат со наредното раководство на чело со министер, кој за многу брзо време треба да дојде во рамките на МВР, истакна Тодев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот