Синдикатот на МВР бара исплата на прекувремена работа и зголемување на платите

Фото: МВР

Независниот синдикат на полицијата бара МВР да исплаќа надомест за прекувремената работа, а исто така обвинува дека се вршат прераспределување без да се внимава на постапката, За зголемувањето на платите, велат дека е недоволно, информира МИА.

„Во МВР има вработено околу 11.500 вработени, а во последните пет години од страна на вработените против Министерството се покренати преку 16.000 судски постапки. Ова е така затоа што Министерството останало глуво со години на барањата на Независниот синдика на полицијата, и понатаму не ја исплаќа хранарината за работата ноќе, не ја исплаќа минималната плата, прави погрешна пресметка во прекувремените часови, не уплаќа колективно здравствено осигурување што има обврска да го уплаќа“, изјави Мартин Ефремов на денешната прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот