Синани: Во Косово се случува тивка политичка револуција во политичкиот менталитет

Се гледа јасно дека сакаат да се постават нови политички начела, изјави во „Утрински брифинг“ Исмаил Синани, главен и одговорен уредник на ТВ Шења, одговорајќи на прашањето зошто Курти има проблем со формирањето на Влада.

Косово три месеци не може да формира Влада. Победникот на овие избори, движењето за Самоопределување разговара со ДС на Косово но никако да се формира влада.

-Последните месеци често пати се зборува за оваа коалиција со закони на физиката, како што водата врие на 100 степени, луѓето очекуваат дека и таа коалиција ќе биде копи пејст на тоа што се случуваше изминатите години во Косово па и во целиот регион. Мислам дека проблемот со новата влада во Косово е мултидимензионален. Треба да се третира и политички и правно, а можеби и психолошки и социолошки. Од сите овие гледни точки кога ќе се погледне проблемот излегуваат различни резултати- вели Исмаил Синани, главен и одговорен уредник на ТВ „Шења“, во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Оваа коалиција нема да личи како што беше порано, затоа што во минатото коалициите во принцип беа составувани после одреден надворешен притисок од меѓународниот фактор, рече Синани.

-Треба да бидеме реални и да кажеме дека од 1999 година Косово е протекторат и големите одлуки за составување на влада ги носеа странските дипломати. Овие 100 дена се приметува дека влијанието на странците изостанува или на некој начин Самоопределува не е склона да се консултира со абасадорите и сака сама да ги носи одлуките. Иако амбасадорите повикуваат на решение очигледно е дека работите нема да се одвиваат по оној познат тек. Во Косово се случува тивка политичка револуција во политичкиот менталитетот. Доаѓа нова плејада на политичари кои не се уценувани како политичарите претходно.

Во тој контекст се гледа јасно дека сакаат да се постават нови политички начела, изјави во „Утрински брифинг“ Исмаил Синани, главен и одговорен уредник на ТВ Шења, одговорајќи на прашањето зошто Курти има проблем со формирањето на Влада.

Според новинарот Оливер Бранковиќ, дописник на МРТ од Белград, уште кон крајот ноември претседателот Александар Вучиќ даде изјава која одеше во насока дека тој лично очекува идната косовска Влада ќе биде формирана до крајот на јануари. Се испостави дека има точни информации што се случува во Косово. Вчерашниот настан потпишувањето на договор за воспоставуввање на слободна авио – линија Белград – Приштина. Овој договор според светските реакции е направен под влијание на САД. Утринава и Доналд Трамп на Твитер напиша дека тоа е голема победа во поглед на односите Белград и Приштина , така што овие два настана, изјавата на Вучиќ и авио-линијата е дека интересот на САД е формирање на Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот