Горан Симоноски, советник од СДСМ / Фото: Принтскрин

Симоноски од СДСМ: Ѓорѓиевски да се извини – неговата изјава дека на отчетот биле поканети сите советници е лага!

Советникот од СДСМ Горан Симоноски побара денешната седница на Советот на Град Скопје да се дополни со точка – разно, на која советниците би побарале градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да им се извини поради неговата изјава во медиумите дека на отчетот за 100-те дена мандат, кој тој го даде во Македонска филхармонија,  биле поканети сите советници. Тоа според советникот  е лага.

Контекстот во кој му беше поставено прашањето тој го разбра, но во него проработе тој политички инстинкт и знае дека отчет не се прави на приватна забава и партиска дружба и затоа едноставно излажа. Затоа сакам ние, сите советници да побараме извинување од градоначалникот за оваа изјава. Доколку било тоа пропуст нема да го земеме за зло, но ако овој пропуст се заташка тогаш имаме проблем, затоа што довербата во институцијата која ја претставуваме е многу ниска. Таа се гради со многу работа, со многу труд и вистина, а само една ваква изјава може да ја урне цела доверба што ја имаме – рече Симоноски.

Мнозинството пратеници во Советот не гласаа ова да се најде на дневен ред, но затоа изгласаа дополнување на дневниот ред со осум точки, на кој веќе се наоѓаа 43 и покрај укажувањето на советничката од Левица, Катерина Јовановска дека со тоа се крши Деловникот за работа. Како што нагласи Јовановска, според Деловникот материјали се доставуваат до советниците една седмица пред одржување на седницата, а дека тие вчера и завчера добиле материјали за денешната седница, а дополнително денес на неа се ставаат плус точки.

Деловникот тоа го дозволува, но само доколку станува збор за итност. Ниедна од предложените точки не е итна. Не е итност ако службите навреме не ги подготвиле материјалите или ако градоначалникот поради обврски не стигнал навреме да ги потпише – рече Јовановска.

Сепак тоа не беше пречка мнозинството советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ги изгласаат овие точки, кои станаа дел од денешниот дневен ред на седницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот