Симона Халеп ќе ја заврши кариерата ако суспензијата биде потврдена

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Романската тенисерка Симона Халеп изјави дека ако Судот за спортска арбитража не ја прифати нејзината жалба, тоа веројатно ќе биде крај на неговата кариера.

Во септември Меѓународната агенција за интегритет на тенисот ја суспендираше двојната грен-слем шампионка на четири години поради кршење на антидопинг правилата.

„Четири години е долг период за тенисерка во моите години. Не знам како тоа би го поднела. Веројатно таа суспензија ќе биде крај на мојата кариера“, изјави 32-годишната тенисерка.

Халеп прво беше позитивна на забранета супстанца на минатогодишниот УС Опен, а потоа во мај и обвинета за неправилности во нејзиниот биолошки пасош. Ако суспензијата биде потврдена таа ќе важи до 6. октомври 2026 година.

Судот за спортска арбитража за нејзината жалба ќе одлучува на почетокот на февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот