Сименсон: Излезот на САД од СЗО е незамислив

Лого на СЗО / Фото: Архива

Тој истакна дека САД и СЗО се „поврзани од самиот почеток”.

Излезот на САД од Светската здравствена организација е незамислив, изјави помошникот генерален директор за општ менаџмент при СЗО, Стјуарт Сименсон.

Тој истакна дека САД и СЗО се „поврзани од самиот почеток”.

– САД, барем од 1902 година, се лидер на глобалното јавно здравје и не можам да замислам ситуација во која САД нема да бидат дел од СЗО и да придонесат за СЗО, како што тоа го прават сега, нагласи Сименсон за Си Ен Ен.

Тој потенцираше дека САД и другите членки го основале СЗО.

– СЗО имаше корист од големата несебичност на американскиот народ и речиси непроценливата техничка поддршка, додаде Сименсон.

Изјавата на Сименсон доаѓа речиси една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп испрати писмо до СЗО, во кое се заканува дека засекогаш ќе го прекине финансирањето на таа организација и ќе ги повлече САД од неа, доколку не се обврзе дека „суштински ќе се подобри во следните 30 дена”, потсетува „Политико”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот