Сиљановска со поети / Фото: ФЕјсбук

Сиљановска ги прими лауреатите на Струшките вечери на поезијата во резиденцијата во Охрид

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во резиденцијата во Охрид прими делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата.

-Дружењето со господарите на зборот, нивното височество поетите покрај брегот на бисерното Охридско Езеро е посебно естетско и духовно доживување. Бев почестена да примам делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата, предводена од в.д. директорот, Никола Кукунеш заедно со добитниците на највисоките награди – Иван Штрпка од Словачка, носител на „Златниот венец“, Матеуш Шимчик од Полска, добитник на наградата „Мостови на Струга“ и Јулијана Величковска, добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“, напиша Сиљановска Давкова на Фејсбук профилот.

Таа додава дека Струшките вечери на поезијата со сѐ посилно темпо ја збогатуваат светската книжевна ризница. Поетите, со својата моќ, не само што го опишуваат светот од сопствен агол, туку нудат и поубава, похумана и побогата реалност, посочува таа.

„Во почетокот беше Словото…“ и денес, во Струга и насекаде околу нас, повторно зборот е тој што нè зближува, што ни дава сила да славиме, да тагуваме, да комуницираме и да се разбираме. Затоа е од исклучителна важност зборот на нашите и на странските поети, кои творат на македонски јазик, да биде слушнат, поддржан и промовиран од институциите. Со тоа ќе се засили поддршката за македонската поезија и истовремено ќе се збогати и една од главните вредности на човечката цивилизација“ порача Сиљановска Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот