Сиљановска-Давкова: Очекувам поддршка од граѓаните на Струга во вториот круг

Денешното обраќање на кандидатот за претседател Гордана Сиљановска-Давкова го пренесуваме интегрално:

„Почитувани,

Веќе сум рекла дека како Струга нема друга и дека секогаш кога сме низ светот се чуствуваме како Костантин Миладинов, целата т’га за Македонија е т’гата за југот.

Јас во вториот круг очекувам граѓаните на Струга без оглед на етничка, верска, јазична и друга припадност сами да одлучат бидејќи гласот е нивен, а не партиски, кому ќе му го доверат. Мислам дека доволно нешта во животот сум направила за да докажам дека не ги разликувам луѓето по етничка, верска или јазична припадност.

Кога велам граѓанки и граѓани на Струга мислам не само на Македонците, мислам на Албанците, на Турците, на Ромите, на Власите, на Египјаните и на сите други. Неверојатно ми значат овие гласови зошто она што ни е заедничко е Охридското езеро, ако сум јас родена во Охрид, Струга е тука и навистина ги охрабрувам, ги замолувам, ги убедувам дека доколку го дадат гласот за мене дека ќе го дадат гласот за некој кој што цел живот се водел и ќе се води и раководи од еднаквоста на сите пред правото во интерес на правдата и критиката.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот