Сијарто по средбата со Лавров: Унгарија ќе соработува со Русија како и досега

Министрите Сијарто и Лавров на средба во Скопје/фото: фејсбук-страница на Петер Сијарто

Нашата надворешна политика се води врз основа на националниот интерес и не прифаќаме никаков надворешен притисок, напиша унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто по билатералната средба со рускиот колега Сергеј Лавров на маргините на самитот на ОБСЕ во Скопје.

„Затоа во наредниот период ќе соработуваме со Русија на ист начин како и досега. Двете најважни вести за ова се: Синоќа завршија оградните работи во Пакси, што значи дека изградивме ограда во должина од 2,7 километри со рекордна брзина, така што останува реална цел на почетокот на 2030-тите да се произведуваат нови блокови од нуклеарната централа Пакси. Во однос на испораките на природен гас и нафта, колегата Сергеј Лавров увери дека Русија и руските компании целосно ги почитуваат договорите што ги склучија со нас. Сите транспорти се вршат според распоредот и така ќе остане“, објави унгарскиот МНР Сијарто на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот