Си-Ен-Ен: САД очекуваат повеќе бранови на коронавирусот и епидемијата да трае до 18 месеци

Фото: Профимедиа

Владата на САД се подготвува за пандемијата од коронавирусот, која би можела да трае до 18 месеци и подолго и да има неколку бранови на разболување.

– Американските болници веќе известија дека се соочуваат со недостиг на опрема и лекови, а американската Влада неделава објави дека ќе ги помогне болниците кои останале без резерви и ќе одреди уште два медицински објекта за сместување на заболените – истакнува Си-Ен-Ен.

Според телевизијата сојузните влади веќе презеле голем број мерки за да го спречат ширењето на болеста, како што е затворање на училишата, а баровите и рестораните се претворени во служби за снабдување со храна. Додека локалната власт на Сан Франциско им препорача на граѓаните да пронајдат засолништа и ако е неопходно да ги напуштат домовите.

Во последните 24 часа бројот на инфицирани со Ковид-19 порасна за 40 проценти и изнесува 9.000 луѓе, а починаа најмалку 149.

Гувернерите на американските сојузни држави апелираат за одлучна реакција од федералната Влада.

Претседателот Доналд го испрати американскиот воен болнички брод во Њујорк, кој треба да пристигне за една недела и ќе се користи како болница во градското пристаниште.

Во сила е Закон за прозиводство за зајакнување на националната одбрана (Defensive Production Act) од 1950 година, кој во воени услови и овозможува на државата да ги контролира сите производствени процеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот