• бранови

Ужас во Шпанија: Најмалку четворица се удавиле поради големи бранови предизвикани од ураганот Нелсон

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија. Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата. Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час.