Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

„Си-ен-ен“ ќе отпушта вработени

Крист Лихт, директорот на американската ТВ-мрежа „Си-ен-ен“, која е во сопственост на „Ворнер Брос“, денеска преку допис ги информирал вработените дека во тек се отпуштања во компанијата.

Лихт рекол дека „Си-ен-ен“ за тоа денеска ќе извести мал број луѓе, главно некои од своите платени соработници.

За други детали, тој вработените ќе ги информира утре попладне.

„Знам дека овие промени влијаат и на нашите колеги кои заминуваат и на оние што остануваат. Ние имаме ресурси да ве поддржиме”, напиша Лихт.

Во октомври, Лихт предупреди дека „Си-ен-ен“ ќе претрпи промени, наведувајќи ја „широката загриженост за состојбата на глобалната економија”.

Промените ќе влијаат на „луѓето, буџетите и проектите”, рече тогаш Лихт.

Кабелскиот оператор AMC Networks во вторникот соопшти дека ќе отпушти 20 отсто од својот персонал во САД бидејќи се соочува со притисоци од индустријата и тешки економски услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот