Шведскиот водечки епидемиолог на удар поради мејлови за колективниот имунитет: Повеќе починати би било исплатливо? (ФОТО)

Шведската стратегија за борбата против коронавирусот наиде на нови критики, откако мејлови покажале дека главниот епидемиолог во оваа земја, Андерс Тегнел, прашал дали поголема смртност помеѓу повозрасните лица би била поприфатлива ако тоа доведува до побрзо стекнување на колективен имунитет. 

Луѓе уживаат во сончевото време во парк во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Претпоставките за ставовите на главните шведските експерти за јавно здравје дополнително се интензивираа откако се покажа дека Тегнел, архитект за стратегија во борбата против Ковид-19 избришал некои од своите мејлови.

Андерс Тегнел / Фото: EPA-EFE/MAGNUS ANDERSSON SWEDEN OUT

Тегнел повеќепати повтори дека целта на Владата не е развивање на имунитет на населението, туку забавување на ширењето на вирусот за здравствениот систем да може ефикасно да се бори со пандемијата, пишува „Гардијан“.

Меѓутоа, мејловите до кои дојдоа шведски новинари со помош на Законот за право на пристап на информации, покажуваат дека Тегнел за колективен имунитет зборувал уште од март, неколку дена откако СЗО прогласи светска пандемија со коронавирусот.

Во еден разговор Тегнел на својот колега Мика Салминен и директор на Шведската национална здравствена организација (ФХМ), му проследил мејл од пензиониран лекар, кој сугерира дека против пандемијата би можело да се бори така што на здрави луѓе во контролирани услови треба да им се дозволи намерно да се заразат со вирусот.

Мика Салминен, директор на Шведската национална здравствена организација (ФХМ)

– Училиштата треба да останат отворени за да се стекне имунитет побргу – пишал Тегнел.
Салминен одговорил дека Финската агенција за здравство го разгледала предлогот, но дека се откажала од тоа поради страв од ширење на инфекцијата меѓу децата.

Избришаните мејлови меѓу Андрерс Тегнел и Мика Салминен / Фото: TheLocal.Se

Тегнел во повеќе ситуации тврдеше дека децата најчесто имаат поблаги симптоми на вирусот, односно дека не го шират во голема мерка.

Шведска потоа ги затвори училиштата за ученици постари од 16 години, но ги отвори за сите помлади ученици, односно инсистираше на класична настава. Сите семејства кои ги оставија децата дома се пријавени во социјалните служби и изречена им е казна.

Луѓе на пазар во Малмо / Шведска, 29 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson SWEDEN OUT

Шведска исто така забрани собири на повеќе од 50 лица, но побара од луѓето и дома и на работа да држат дистанца, односно да работат од дома кога тоа е возможно.

Трговските центри, кафулињата, рестораните и тееретаните останаа отворени.

Во мејловите е откриено дека Тенгел замолил еден од своите претходници, Јохан Гиесецко, да изготви модел кој би покажал што би можело да се случи кога вирусот би се пуштил слободно во општеството.

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Некои медиуми пишуваат дека Тегнел бришел мејлови од перидот од јануари до април.

Иако шведскиот модел беше критизиран од многу експерти, Тегнел тврди дека овој модел е добра подготовка за другиот бран на епидемијата.

Бројот на заразени во Шведска е во стабилен пад од јуни. Земјата забележа 84.294 случаи на зараза со коронавирусот и 5.783 смртни случаи.

Луѓе седат на пијачка во паб во Стокхолм, фотографија од 23 март годинава / Фото: EPA-EFE/Ali Lorestani SWEDEN OUT

Па иако бројот на починати на милион жители во Шведска е поголем од другите земји, сепак е помал од оние кои воведоа карантин, како Шпанија, Италија и Велика Британија.

Властите проценија дека 40 отсто од жителите на Стокхолм до мај се заразиле со Ковид-19, меѓутоа истражувањата покажуваат дека нема ништо од стекнување на имунитет.

Италија и Шведска имаа целосно различни пристапи, а сега се мирни: Вирусот го држат под контрола додека светот и натаму се бори

Шведска е далеку од колективен имунитет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот