Шведскиот парламент ќе гласа доверба за премиерот Левен

Стефан Левен би можел да стане првиот шведски премиер кој ќе биде сменет од Парламентот денеска откако пропаднаа обидите на неговата Влада за време на викендот да постигне договор за враќање на поддршката од Партијата на левицата.

Таквиот пресврт на настаните би го оставил Левен една недела или да поднесе оставка или да распише предвремени избори, што не се случило во Шведска од 1958 година.

„Веројатно ќе имаме историски ден во Парламентот”, објави денеска на насловната страница националниот весник „Дагенс нихетер”.

Левен доби втор мандат во 2018 година по повеќемесечни преговори по изборите на кои шведските демократи, антиимигрантска партија, ја сменија шведската политичка мапа со своите добри резултати.

Поранешен лидер на синдикатот, познат по своите преговарачки способности, Левен оттогаш имаше тесна малцинска влада на социјалдемократите и зелените, поддржана од поранешните политички ривали Партијата на центарот и Либералите.

Иако не беше дел од каков било формален договор, на Владата и требаше премолчена поддршка од Партијата на левицата. Тоа се смени минатата недела откако Владата сигнализираше дека може да ја олабави контролата над изнајмувањето на новоизградените станови, што беше неприфатливо за левицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот