Шведска му подари камион за гасење шумски пожари на Осоговскиот манастир

Манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка доби противпожарно возило кое ќе се користи за гасење на пожари во манастирскиот комплекс и неговата околина, кои особено претставуваат закана во летните месеци. Возилото е обезбедено со помош на Кумановско-Осоговската епархија на МПЦ-ОА, а донацијата пристигна од Шведска.

Од манастирот информираат дека објектот е сместен во планински предел и опкружен со густа шума, а пристапот до него е тежок поради тесниот пат, што ја прави оваа донација особено значајна за брза интервенција во случај на опасност.

„Сведоци сме, за жал, дека во претходните години имаше два фатални пожари на манастири во Македонија – на Бигорскиот и на Трескавец. Затоа ова возило претставува значителна превентивна мерка“, соопштија од манастирот.

Црквата во манастирскиот комплекс е изградена помеѓу 1847 и 1851 година од прочуениот мајстор Андреја Дамјанов, со средства од верниците од Крива Паланка и околината. Манастирот претставува едно од најзначајните духовни и културни светилишта во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот