Швајцарија планира попуштање на мерките воведени поради Ковид-19

Луѓето демонстрираат против рестриктивните мерки поради коронавирусот во Цирих, Швајцарија, 16 мај 2020 година. EPA-EFE / ALEXANDRA WEY

Со одлуката, ќе бидат дозволени сите поголеми културни и спортски настани, како и собири на отворено до 300 посетители.

 Од 31 мај во Швајцарија е планирано да се олеснат мерките во јавниот сектор, потег најавен од владата по консултации со 26 кантони во државата.

Со одлуката, ќе бидат дозволени сите поголеми културни и спортски настани, како и собири на отворено до 300 посетители.

Предложеното ублажување се случува откако Швајцарија регистрираше 1.539 нови случаи на заболени со Ковид-19 и откако повеќе од два милиона луѓе примија барем една доза од вакцината, што е четвртина од вкупното население.

Швајцарската влада, исто така, планира да дозволи митинзи до 3.000 луѓе само за вакцинираните од јули. Овие најнови предлози не се однесуваат на дискотеки, кои сепак ќе останат затворени, а приватните настани се ограничени на 10 лица во затворено и 15 лица на отворено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот