Швајцарците во недела на референдум одлучуваат за ковид потврдите

Ковид протест Женева
Анти ковид протест во Женева/ Фото EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Во недела, на 28 ноември, Швајцарците по втор пат за помалку од два месеци ќе гласаат за Законот за ковид-19. Со овој закон се регулира не само финансиската помош за културните и гастрономските институции, туку и користењето на ковид потврди, кој функционира на истиот начин како и во останатите земји-членки на ЕУ..

Без овој закон, таканареченото 3G правило (вакцинирани, прележани и тестирани) повеќе не би можело да се применува во гастрономијата и за време на културните настани.

Сегашните анкети покажуваат дека граѓаните и на овој референдум нема да гласаат против законот, но противниците во моментов се доста успешни во кампањата против мерките за борба против пандемијата.

АП во својот извештај сугерира дека ако Швајцарците во недела дадат зелено светло на ковид потврдите, тоа може да ја олесни работата на владата во напорите против пандемијата.

Петти бран

Претходно оваа недела, швајцарските здравствени власти инсистираа на растечки „петти бран“ во алпската земја, каде стапките стагнираат на околу две третини од населението, како и во тешко погодените Австрија и Германија.

Стапката на инфекција е зголемена во последните недели. Седумдневниот просечен број на случаи во Швајцарија се искачи на повеќе од 5.200 дневно од средината на октомври до средината на ноември, што е повеќе од петкратно зголемување. Сепак, федералната влада не одговори на новите рестриктивни мерки. Аналитичарите велат дека владата не сака да предизвика дополнително спротивставување на нејзината политика за ковид пандемијата, која овој викенд се соочува со клучен тест, бидејќи критичарите стануваат сè погласни.

Меѓу најгласните се членовите на национално-конзервативната Швајцарска народна партија (СВП), што е жестоко против воведувањето на ковид потврди.

Партијата се залага за укинување на мерките кои го отежнуваат движењето на невакцинираните лица, а за да можат Швајцарците и без потврда да патуваат во странство, еден политичар на СВП неделава предложи да се склучат билатерални договори со партнерите од ЕУ. Тоа би бил процес кој би можел да трае со месеци, а додека не се постигнат договорите, слободата на движење може да биде многу тешка за Швајцарците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот