Шукова: За првпат обезбедивме финансиска поддршка за сите национални паркови во државата

Каја Шукова - мин. за животна средина и просторно планирање / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) преку буџетот во рамки на Програмата за инвестирање во животната средина за 2024 година, првпат обезбедува директна финансиска поддршка за сите четири национaлни парка во висина од 20.000.000 денари, најави министерката Каја Шукова на денешниот работен состанок со директорите на националните паркови.

За добивање на средствата, националните паркови ќе треба да аплицираат со предлог-проект на конкурсот што веќе е објавен и е активен до 19 февруари.

Министерството соопшти дека во конкурсот дало насоки за активностите што ќе се финансираат со цел на националните паркови да им се помогне не само финансиски, туку и да се мотивираат и насочат кон примена на одржливи системи на управување во заштитените подрачја во кои природата ќе биде во хармонија со потребите на луѓето и локалните заедници.

„Препорачано е активностите да бидат поврзани со Плановите за управување, да бидат насочени за спроведување практични мерки за конзервација на диви видови, да бидат во насока промена во паркот што ќе генерира финансиски средства на паркот преку спроведување на екосистемски услуги: изградба на зелена инфраструктура (уредување на туристички места, адреналински парк, видиковци, уредување на планинарски/велопатеки и друга инфраструктура); едукативен центар за млади; 3Д виртуелни тури низ паркот; промовирање локален бренд на храна и слично; и она на што посебно ќе се внимава е примена на иновативните решенија засновни на природата“, наведува МЖСПП во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот