Фото: Инстаграм

„Што знае Ферхунде, што се два милиона евра“: Игор Џамбазов остана без платежната картичка

Игор Џамбазов, кој деновиве ужива во убавините на Дојран заедно со својата Ферхунде, доживеа уште еден шок. Имено, откако Ферхунде направи хаос во неговиот дом во населбата Козле, овој пат на ред дојде  неговата платежна картичка.

Па откако ја нарече 2024 тешка и грда, под видеото кое го објави на својот Инстаграм профил, а на кое се гледа како Ферхунде ја изгризала картичката „за десерт“, Игор напиша:

„2024 врати се, сè ти е простено“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

„Она кога жена ќе ти ја изеде картичката“, „Што знае Ферхунде што се два милиона евра“, „Уметничко дело на Ферхудне …“, беа само дел од коментарите на видеото, кое беше окарактеризирано како премногу слатко.

Инаку, Ферхунде Џамбазова е по потекло од Дојран, тој ја посвои откако омилената мачка Емилија го напушти засекогаш. Игор често објавува интересни видеа од времето кое го поминуваат заедно, патуваат постојано и речиси никогаш не се одделува од неа.

ФОТО | „Неговата среќна ѕвезда сè уште ме штити“: Игор Џамбазов со емотивна објава за роденденот на дедо му Петре Прличко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот