Што значи кога ќе пронајдете паричка на улица? Пораката од универзумот зависи од бројот
Што ви паѓа прво на памет кога ќе најдете паричка на улица или во некој затворен простор? Повеќето луѓе тоа го сметаат за знак на среќа, но според народните верувања толкувања, пронајдената паричка носи многу подлабока порака.
Препорачано
Во моментот кога ќе се наведнете да ја подигнете паричката, обрнете внимание на првата мисла што ќе ви помине низ главата. Токму тој миг може да биде сигнал од вашата интуиција, порака што се однесува на вашата моментална животна состојба.
Ако сте се чувствувале осамено кога сте ја пронашле монетата, тоа може да биде знак дека не сте сами и дека имате поддршка, иако можеби не ја гледате.
Ако сте биле во брзање, пораката е да забавите и да си посветите повеќе внимание на себе.
Доколку ве мачат финансиски проблеми, пронајдената паричка се толкува како најава дека ситуацијата ќе се подобри и дека помошта е на пат.
Внимавајте на бројот на монетата
Освен моменталното чувство, важно е и кој број стои на паричката, односно нејзината вредност. Бројот може да носи посебна симболика и насока.
Број 1
Симболизира нов почеток, идеи, напредок и успех. Тој ве поттикнува да останете позитивни и да верувате дека вашето време допрва доаѓа.
Број 2
Поврзан е со хармонија, партнерство и односи. Ве потсетува да воспоставите подобра комуникација со блиските, да бидете трпеливи и да најдете рамнотежа помеѓу независноста и заедништвото.
Број 5
Носи порака за раст, промени и нови можности. Ако пронајдете монета со број 5 или 50, тоа е знак да ги искористите своите таленти и внатрешната сила. Пред вас е период на динамика и развој.
Број 10
Ве охрабрува да ѝ верувате на интуицијата и храбро да го направите чекорот што го посакувате. Ослободете се од стравот – вашата решителност може да донесе значајни промени.
Без разлика дали верувате во симболика или не, следниот пат кога ќе пронајдете паричка, можеби вреди да застанете за миг и да се запрашате – што ми порачува овој знак, пишува „Сенса“.


