Што значи да се биде имунокомпромитиран?

вирус
Фото: Pexels / Polina Tankilevitch

Имунокомпромитирањето значи дека вашиот имунолошки систем не работи како што треба за да ве заштити од инфекција или дека не може да направи разлика помеѓу вашите и туѓите клетки.

„Постојат многу начини на кои луѓето можат да бидат имунокомпромитирани“, вели хематологот Стјуарт Серопијан. „Имунолошкиот систем е сложен и составен од многу различни типови на имунолошки клетки кои служат различни функции. Не постои единствена состојба на имунокомпромитирање.

Неколку експерти, кои работат на Универзитетот Јеил во областа на трансплантација, неврологија, имунологија и онкологија, ги дадоа своите објаснувања.

Што значи да се биде имунокомпромитиран?

Добро е да се обидеме да разбереме каква функција врши имунолошкиот систем.

„Имунолошкиот систем има две основни функции: да идентификува туѓо ткиво и да обезбеди одбрана од инфекција“, објаснува д-р Серопијан. „Се вели дека едно лице е имунокомпромитирано првенствено кога е поподложно на инфекции отколку здравите луѓе поради проблеми со барем една од овие две функции“.

Што предизвикува една личност да стане имунокомпромитирана?

Постојат неколку начини на кои поединецот може да биде имунокомпромитиран, вели д-р Дејвид Хафлер од Јеил. Тој ги дели причините во две големи групи: група генетски мутации и болести, како што е ХИВ, кои предизвикуваат губење на имунолошката функција, и група лекови за одредени болести, вклучително и имунотерапија.

Имунотерапијата е третман кој може да ги потисне имунолошките одговори кога имунолошкиот систем е „преактивен“, како на пример кај автоимуна болест во која имуните клетки напаѓаат здраво ткиво или при трансплантација на органи.

Автоимуните болести кои го генерираат овој хиперактивен одговор вклучуваат ревматоиден артритис, дијабетес тип 1, мултиплекс склероза (МС) и воспалителна болест на цревата (Кронова болест и улцеративен колитис).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот