Што велат стручњаците: Дали треба да го бакнувате бебето во уста?

Фото: Профимедиа

Бакнување на детето во уста за некои е убав чин за изразување на нежност и љубов, а за други необичен, па дури и одбивен. Но, што вели науката за бакнувањето помеѓу мајката и детето? Нежните бакнежи се најдобриот израз на љубов и посветеност кон друга личност.

Иако бакнежите во чело, на образите или на рацете на детето се прифатени во целост, многу родители никогаш не ги бакнуваат своите деца во уста и таа навика ја сметаат за чудна и одбивна.

Жените што страдаат од парадонтални болести, секако се изложени на предвремено породување и раѓање на детето во помала тежина. Тоа, пак, значи дека таквите болести може да имаат негативно влијание на новороденчето, а лесно се пренесува и со плунка.

Покрај тоа, и науката има свое мислење за таквите бакнежи помеѓу мајката и детето. Така Американската академија за пародонтологија ги советува мајките, сепак, да го избегнуваат бакнувањето на бебето во уста, бидејќи во устата на новороденчињата не се присутни бактерии кои предизвикуваат расипување на забите и пародонтални болести, а може да се пренесат со едноставни бакнежи во уста. Имено, кога таа бактерија ќе дојде до устата на детето, почнува да го претвора шеќерот во храната и пијалаците во киселина која ги уништува забите.

Затоа академијата тврди дека дури и ако само еден член од семејството боледува од пародонтални болести, подложни се сите членови, бидејќи плунката се пренесува со бакнување, споделување на прибор за јадење, кашлање, кивање и слично. Исто така, со бакнување може да се пренесат и до 500 различни видови на бактерии, вклучувајќи ги и оние кои предизвикуваат болести на непцата, а само еден бакнеж помеѓу родителите и децата може да ја пренесе таа болест.

Иако возрасните кои се бакнуваат во уста може меѓусебно да си пренесат бактерии, децата се значително почувствителни, бидејќи сѐ уште немаат развиен имунолошки систем. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот