Што се случува на Вол Стрит? Капиталот премина од технолошките во други компании

На Волстрит во понеделникот, индексот на Дау Џонс се зголеми за 1,3 проценти, на 27.791 бод, остварувајќи раст седми ден по ред, додека инвеститорите очекуваат да остварат напредок во новиот пакет на фискални стимули во САД.

Истовремено, „S&P 500“ се зајакна за 0,27 отсто, на 3.360 поени и сега е 0,9 проценти под рекордното ниво постигнато во февруари, додека Насдак падна за 0,39%, на 10.968 поени.

Акциите на компаниите кои обично растат најмногу на излез од рецесијата, како што се енергетските и индустриските, беа најпрофитабилни, додека Насдак се движи под рекордно ниво, срушен со корекција на цените на технолошките гиганти како „Мајкрософт“, „Амазон“ и „Фејсбук“.

Очекувањата за пронаоѓање потенцијална вакцина против коронавирусот, рекорд фискален и монетарен стимул и подобра од очекуваната заработка во второто тримесечје го одржуваат „S&P“ близу до рекордното ниво во февруари, но се чини дека засега нема сила за понатамошен раст.

„Една од причините зошто е ограничено понатамошно напредување на „S&P“ е бидејќи гледаме уште една ротација на капиталот од технолошките компании во акциите на компаниите кои вообичаено најмногу растат по излез од рецесија. Тоа го кочи „S&P“ бидејќи во неговиот состав доминираат технолошки акции“, вели Пол Нолте, портфолио менаџер од „Kingsview Investment Management“.

Поддршка на пазарот даде и американскиот претседател Доналд Трамп, потпишувајќи извршни уредби со кои делумно ја обновува исплатата на помош за невработените, откако на крајот на минатата недела беа прекинати преговорите на Белата куќа со демократските функционери околу новите фискални стимули.

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин во разговор за Си-Ен-Би-Си во понеделникот изјави дека администрацијата на Трамп и Конгресот би можеле да постигнат договор оваа недела ако демократите бидат „разумни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот