Што прави денеска – Татјана Стојановска, ТВ-презентерка

Мене секој ден ми е различен, но утрото и утринскиот ритуал ми се речиси секој ден исти. Станувам помеѓу 8 и 9 часот, пијам чаша вода и го приготвувам кафето. Си пијам нес кафе со една лажичка шеќер, попарено со топла вода и без млеко. Ако Михаил сѐ уште не е излезен по работа, нему му приготвувам чај со мед и лимон и додека се расонуваме и уживаме во кафето и чајот, правиме план за денот.
Тука е и задолжителното освежување со овошје, што ми е воедно и појадок.

Ако сум на работа тој ден, а со работа почнувам од 14 часот, претпладнето ми е резервирано да зготвам, да средам по дома, па потоа јас да се средам. Ако одам на фризер, по облека и слично, излегувам околу 12 часот, а ако сама се средувам, излегувам малку подоцна.

На работа – вести во 15, 18, 21 часот, па потоа вечерта ја поминувам или дома со Михаил во муабет за тековниот ден, во гледање некој филм, серија, телевизија (најчесто) или пак некаде изглегуваме за да се видиме со пријателите (иако тоа малку поретко се случува во овие времиња на пандемија).
Ако не сум на работа, денот го користам да прошетам во природа, а најчесто деновите кога сум слободна ги користам за да одам на гости кај син ми, кој живее сам последниве неколку месеци, па или одиме на ручек заедно, нешто да пазариме и да се подружиме.

Во последно време почнав и да сликам (аматерски, почетнички) па си „крадам“ дел од денот да сликам. Сликам најчесто пејзажи, кои ги гледам на туторијали на Јутјуб.

Навечер си легнувам околу 23 часот, читајќи книга или гледајќи нешто на социјалните мрежи. Ете, така некако ми минуваат деновите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот