Што поголем број граѓани да ја симнат мобилната апликација за борба против коронавирусот

мобилен телефон
Мобилни телефони / Фото: Unsplash

Наскоро владата ќе промовира мобилна апликација чија цел е на епидемиолозите да им бидат достапни контактите на некој што се заразил со коронавирус.

Станува збор за апликација која на ниеден начин не им наштетува на личните и приватни податоци на корисниците, но клучно е што поголем број граѓани да ја симнат на своите мобилни телефони, соопштија од владата. Апликацијата функционира на начин што откако ќе ја симнете, добивате посебен апликациски број.

Тој број не е на ниеден начин поврзан со бројот на вашиот мобилен телефон, значи приватните информации од телефонот не ви се загрозени. Откако ќе ја симнете апликацијата треба да имате вклучено блутут. Така, апликациските броеви на секој мобилен апарат кој ќе биде во непосредна близина до вас, ќе бидат регистрирани во вашиот телефонски уред. И тоа за период од 14 дена, по што се бришат. Ако се заразите со коронавирус, тогаш Министерството за здравство ќе ви ги побара апликациските броеви во вашата датотека и дури тогаш ќе ги спари со телефонските броеви на оние кои се во потенцијален ризик како ваши контакти. Ова решение владата го копира од Сингапур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот