Сте слушнале за „Самосвесен рап“? Никој нема, бидејќи Никол допрва ќе ни го презентира! (ФОТО)

профимедиа

Се сеќавате на Никол Ричи, ќерќата на познатиот Лионел Ричи? Заедно со Парис Хилтон, Ники дебутираше во реалното шоу The Social Life, за кое слободно може да кажеме дека е архитект на целата „ера на Кардашијанс“. Додека траеше ова шоу, Ники беше константна мета на таблоидите, и може да се каже дека уживаше во целото внимание од медиумите.

Пред неколку дена, Никол Ричи се појави на настанот „The Wrap – empowering women“, а друштво и правеа и други познати жени, како Ева Лонгорија и Софија Буш.

Токму на овој настан, Ники најави дека се враќа на сцената, но со сосема нов, неочекуван проект: Ќе издаде рап албум! Но, она што уште по импресивно е дека Ники е супер-амбициозна, па ќе проба да генерира нов тип на рап, и тоа „Самосвесен рап“, односно како што го најави самата таа, Conscious Rap!

Ники откри дека преку овој проект ќе го престави нејзиното вистинско алтер-его Nicky Fre$h! Целта на овој нов рап-проект е да ја подигне свесноста за консумирање на здрава храна, како и да поттикне повеќе луѓе да растат органски овошја, зеленчуци и салати во сопствени градини.

„Ова е самосвесен рап. Ако се прашувате што е тоа, станува збор за нов жанр на рап. Јас го измислив“, додала Никол Ричи смеејќи се.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот