Што ако не се создаде вакцина против ковид-19?

И случајно да биде развиен лека за вирусот, без вакцина не ќе можеме да спречиме повторување на епидемијата.

Додека земјите ширум светот допрва почнуваат да ги трпат последиците на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот, многумина се во очекување дека ќе биде развиена вакцина против Ковид-19. Но, што ако тоа никогаш не се случи? 

Тоа би значело дека луѓето ќе мора да се навикнат да живеaт со коронавирусот согласно препораките од експертите и стручните лица, како и мерките на карантин и изолација кои и сега се на сила, а сите ќе треба да бидеме повнимателни за постепено да и се вратиме на слободата која е составен дел од секојдневниот живот.

Меѓутоа, тестирањето на корона вирусот и следењето на контактите со заразените исто така на краток временски период би бил дел од нашиот живот, а во многу земји повратокот во самоизолација би бил можен во секој момент.

И случајно да биде развиен лек за вирусот, без вакцина не ќе можеме да спречиме повторување на епидемијата доколку се случи „втор бран“ на коронавирусот, како што најавуваат некои експерти.

  • Постојат вируси против кои немаме вакцини. Не можеме да направиме никаква претпоставка за тоа дали некогаш ќе се појави ваквина и дали ако се појави таа ќе ги мине сите тестови на ефикасност и безбедност – тврди за CNN Давид Набаро од лондонскиот „Империјал колеџ“ кој е дел од Светската здравствена организација.

Според тоа, општеството ќе мора да биде спремно постојано да се брани од коронавирусот, но и за продолжување на друштвениот и општествениот живот, тврди овој експерт.

Но, охрабрувачки е што повеќето експерти и стручни лица се уверени дека вакцината против Ковид-19 ќе биде, развиена за година, или најмногу за година и шест месеци, иако ниту една вакцина не е направена во така краток рок

Сепак, ако никогаш не биде откриена вакцина за овој вирус, тоа не би бил прв случај истакнува CNN, потсетувајќи на пример дека скоро четири децении се чека на вакцина против ХИВ вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот