Штипските текстилни и кожарски фабрики ја почитуваат уредбата за забрана за работа

Штипските текстилни и кожарски фабрики денеска ја почитуваа забраната за работа во погоните, покажа увидот на инспекторите, активистите од НВО „Гласен Текстилец” и на Општинскиот кризен штаб.

Во фабриката „Албатрос” денеска брисеви им беа земени на околу 200 работници. Тие беа донесени со автобуси во кругот на фабриката и веднаш вратени дома.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец” вели дека направила увид и обиколка во круговите на штипските конфекции и од она што можела да го види е дека за првпат во историјата на Штип конфекциите не работат за еден продолжен карантински викенд.

Таа информира дека со уредбата вчера во попладневните часови е опфатена и компанијата „Адиент” во ТИРЗ зоната. Таму работниците работеле втора и трета смена, а рано утринава машините се изгаснати и вработените ќе одмараат до понеделник.

– Уредбата за забрана на работа на штипските текстилни и кожарски фабрики се почитува, за останатите компании од другите дејности оваа уредба не важи. Сите оние коишто ќе ја прекршат уредбата ќе се соочат со санкции и кривична одговорност, вели Ампева.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Штип тестирањето ќе го продолжат утре во друга конфекција, каде што ќе се тестираат уште 230 работници. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот