Раде Трајковски Штекли / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Штекли осуден на осум години затвор за продажба на кокаин и марихуана

Контроверзниот Раде Трајковски Штекли кој преживеа неколку напади е осуден на осум години затвор за организирање и продажба на кокаин и марихуана. Другите четворица обвинети од групата кои не признаа вина се осудени на пет години, освен еден кој е осуден на помала затворска казна.

Стефан Китанов е осуден на пет години затвор, Александар Вучевски е осуден на пет години затвор, Филип Таневски на пет години, а Стојан Миланов на три години и 10 месеци.

Раде Трајковски Штекли / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Според пресудата, организатори на групата која растурала дрога низ Скопје биле Штекли, на кого му се предавале парите и поранешниот репрезентативец Данчо Масев кој се спогоди со судот, а другите ја пакувале и продавале дрогата за што добивале дел од парите.

Во текот на судењето одбраната на Штекли тврдеше дека има психички проблеми, дека халуцинира и има шизофренија, но судењето сепак течеше.
Групата оперирала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година, со јасна структура и дефинирани улоги. Како организатор и координатор, кој ги вршел контактите со странски и домашни посредници за набавка на наркотици и давал насоки за ширење на мрежата, се посочува првообвинетиот Раде Трајковски-Штекли.

Дрогата била складирана во изнајмени станови, а продажбата се вршела по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата меѓу членовите на групата се одвивала преку апликации за заштитена комуникација, како што е „Снепчет“, а клучните докази биле обезбедени преку анализа на мобилните телефони.

Кокаин во кутија под седиште, марихуана во презерватив, разговори – дел од доказите против Штекли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот