Шпион на ЦИА ќе биде егзекутиран заради вмешаност во убиството на генералот Сулејмани

Фото: МИА

Ирански граѓанин кој им дал информации на американските и израелските служби за локацијата каде се наоѓа убиениот генерал Касем Сулејмани, наскоро ќе биде егзекутиран наскоро, соопшти денеска претставник на иранските судски органи.

Со напад со дрон САД на 3 јануари го убија генералот Сулејмани, командант на специјалните сили „Кудс” на иранската Револуционерна гарда. Вашингтон го обвинуваше Сулејмани за организирање напади врз американските сили во регионот.

Махмуд Мусави-Мајд, еден од шпионите на ЦИА и Мосад, беше осуден на смртна казна.

– Тој на нашите непријатели им дал информации за тоа каде се наоѓа маченикот Сулејмани, изјави во телевизиското обраќање судскиот портпарол Голахосеин Есмаили.

По убиството на Сулејмани, Иран на 8 јануари одговори со ракетен напад врз американска база во Ирак. Во нападот не беа убиени ниту повредени американски војници, но стотици од нив подоцна беа дијагностицирани со мозочни трауми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот