Шпаркасе банка предвреме го исплати данокот на добивка за 2020 година
Неодамна вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска јавно се заблагодари на Комерцијална банка АД Скопје за извршената уплата на 120 милиони денари одеднаш по основ на аконтативен данок на добивка за 2020 година.
Шпаркасе Банка Македонија се приклучи кон иницијативата од Министерството за финансии и Владата на Република Северна Македонија и денес изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка во вкупен износ од 21.475.600 денари.
Препорачано
Неодамна вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска јавно се заблагодари на Комерцијална банка АД Скопје за извршената уплата на 120 милиони денари одеднаш по основ на аконтативен данок на добивка за 2020 година.
Со приклучувањето кон оваа иницијатива, која обезбедува поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, Шпаркасе Банка Македонија го дава својот придонес за полесно премостување на првите ефекти од кризата предизвикана од коронавирусот ковид-19, како и за зголемување на капацитетите на надлежните државни органи за нивно непречено функционирање и спроведување на потребните мерки за заштита на населението во државата.
-Шпаркасе Банка Македонија ќе продолжи и понатаму да се однесува како одговорен корпоративен граѓанин на Република Северна Македонија и работејќи сите заедно да дадеме придонес кон минимизирање на негативните ефекти од коронавирусот- наведуваат во соопштението од банката.


