Шпанскиот премиер бара „Маршалов план“ за обнова на Европа

Шефот на еврогрупата Паоло Џентилони, најави дека договорот за новото фискално „оружје“ во борбата против корона вирусот би можел да биде подготвен до четврток кога ќе се одржува видео – конференцијата на која ќе учествуваат премиери и претседатели на 27 земји.

Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика членките во Европската унија да изнајдат план за обнова на Европа, кој би црпел средства од Европската Централна банка купувајќи т.н. корона – обврзници. ЕЦБ претходно донесе одлука да одвои 750 милијарди евра за оваа намена.

– Ова е криза која ја погоди цела Европска унија и мора да смислиме голем „Маршалов план“ за да ја обновиме економски. Вложуваме огромни финансиски напори но најважно е тоа да не остане на национално ниво, изјави шпанскиот премиер.

Министрите за финансии на ЕУ вчера одржаа видео конференција, која ја водеше нивниот хрватски колега Здравко Марич на која се разгледуваа мерки за ублажување на кризата по принципите предвидени во Спогодбата за стабилност и раст.

Шефот на еврогрупата Паоло Џентилони, најави дека договорот за новото фискално „оружје“ во борбата против корона вирусот би можел да биде подготвен до четврток кога ќе се одржува видео – конференцијата на која ќе учествуваат премиери и претседатели на 27 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот